4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЏонсон ги ублажува мерките против епидемијата за да ги спаси работните места

Џонсон ги ублажува мерките против епидемијата за да ги спаси работните места

Британскиот премиер им порача на министрите да ги укинат мерките за затворање што е можно поскоро, со цел да спречат околу 3,5 милиони луѓе да не останат без работа, објави лондонски Sun.

Весникот наведува дека таа вест доаѓа откако премиерот Борис Џонсон потпиша нови мерки за зајакнување на економијата, откако министерот за економија, Алок Шарма, информираше дека се загрозени повеќе од три милиони работни места во угостителскиот сектор.

Според весникот, Џонсон одговорил со извикот „Господе!“.

Како што се наведува, тој задолжил група министри да излезат со мерки до јули, за колку толку враќање на животот во нормала.

„Не би рекол дека ни се заканува цунами од загуби на работни места, но тоа ќе биде прилично голем бран“, изјави неименуван британски службеник запознаен со ситуацијата.

Велика Британија е на второ место во светот по бројот на жртви од коронавирус со 40.465 смртни случаи, а во таа земја досега се пријавени 284.868 заразени. Водечки британски лекари и научници го повикаа премиерот Борис Џонсон да нареди подготовки на Британија за вториот бран коронавирус оваа зима, предупредувајќи дека многу повеќе луѓе ќе умрат ако земјата не го подобри својот одговор на COVID-19.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП