27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денеска поскапи горивата за еден до 1,5 денар по литар

Од денеска поскапи горивата за еден до 1,5 денар по литар

Горивата од ноќеска на полноќ поскапеа за еден до 1,5 денар по литар.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемија за еден денар по литар и изнесуваат 58, односно 50 денари. Цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемија за 1,5 денар по литар и се продаваат за 60,5 и за 39 денари.

Со одлуката на РКЕ за 1,353 денари за килограм се зголеми и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 24,613 денари.

Како причина за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемената референтна цена на светскиот пазар на бензинот од околу 11,3 отсто и на дизелот за околу 10,42 отсто во изминатите седум дена, како и за 1,933 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП