9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на македонскиот извоз од 23.8 отсто за периодот јануари-април 2020 година

Пад на македонскиот извоз од 23.8 отсто за периодот јануари-април 2020 година

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – април 2020 година, изнесува 99 769 778  илјади денари и бележи пад од 21.5 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот  јануари – април 2020 година, изнесува 141 252 880 илјади денари, што е за 16.5 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – април 2020 година, изнесува 41 483 103 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во перидот јануари – април 2020 година, изнесува 70.6 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1  и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел). Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари – април 2020 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – април 2020 година, изнесува 1 619 002 илјади евра и бележи пад од  21.6 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 2 292 050 илјади евра, што е за 16.7 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – април 2020 година, изнесува 673 048 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – април 2020 година, изнесува 1 782 502 илјади САД долари и бележи пад од 23.8 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 2 522 698 илјади САД долари, што е за 19.0 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – април 2020 година, изнесува 740 196 илјади САД долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП