5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple ќе го одложи објавувањето на iPhone 12 за четвртиот квартал

Apple ќе го одложи објавувањето на iPhone 12 за четвртиот квартал

Apple ќе го одложи објавувањето на iPhone 12 серијата на телефони, првично планирана за презентација во септември, за неколку недели, се наведува во неколку различни извештаи.

Според шефот на Broadcom, кој е еден од најголемите добавувачи на Apple, објавувањето на новите модели на iPhone 12 е одложено за четвртиот квартал на 2020 година.

Директорот на Broadcom, Хок Тан, за време на претставувањето на финансискиот извештај на својата компанија говореше за циклусот на одложување на производството на производот на најголемиот северноамерикански производител на паметни телефони. Овој производител е всушност Apple, а споменатите производи се модели од iPhone 12 серијата.

Шефот на Broadcom посочува дека споменатото одложување нема да доведе до голем скок на заработката на компанијата во третиот квартал. Наместо тоа, се очекува компанијата тоа да го премости во четвртиот квартал од оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП