6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

najnovi-vesti1

Ниш – Работниците на „Електронската индустрија“ (ЕИ) во Ниш протестира пред кабинетот на градоначалникот, барајќи преиспитување на досегашната приватизација во компанијата. Радисав Спасиќ, претседател на работната група за социјални прашања на ЕИ изјави дека работниците побарале поништување на стечајот во четири фабрики и матичната компанија „ЕИ Холдинг“. – Причина за нашето собирање беше всушност повикот за помош во поништување на наведените стечајни постапки, а не бунт против градоначалникот, прецизираше Спасиќ. Градоначалникот на Ниш, Зоран Перишиќ не ги прими работниците на ЕИ бидејќи „претходно испланирал патување во Белград“.

Пирот – Трагачите по старо злато во пиротскиот крај, кои со децении шетаат низ Стара Планина, повторно ги тресе златна треска. Откако во потрага за старо злато испитаа многу селски места, записи, запуштени цркви и средновековни ѕидини, римски тврдини, стебла на повеќе вековни дрвја и кањони и пештети на Темштица, Топлодолска и реката Јерма, на ред дојдоа оддалечени селски поила и корита од песок во кои некогаш стоката пиела вода.

Загреб – Хрватската компанија „Х1 Телеком“ е цел на преземање на „Телеком Австрија“, соопшти шефот на австриската телекомуникациска групација Ханс Аметсреитер, со што официјално ги потврди информациите дека „Вип нет“ преговара за преземање на „Х1 Телеком“. Весникот „Деловни дневник“ минатиот месец обелодени дека „Вип нет“ преговарал за продажбата со „Х1 Телеком“ и „Хрватска привредна банка“ (ХПБ), која е еден од најголемите акционери во оператороѕ. Во „Вип нет“ тогаш одбија да дадат коментар на тврдењата дека го купуваат „Х1 Телеком“.

Загреб – Наскоро може да биде ставен крај на 13-годишниот стечај на некогашната загребска „На-ма“ и таа да добие нов сопственик, потврди за „Јутарњи весник“ Дамир Микиќ, стечаен управник на компанијата. Моментно имаме долго од  315,3 милиони куни (41,9 евра), од кои 30 милиони куни (речиси четири милиони евра) кон „Кроациа осигурување“ и 180 милиони куни (23,9 милиони евра) кон државата, вели Микиќ. Имотот на компанијата е проценет на 415 милиони куни (55 милиони евра), а само згрдата на „На-ма“ во улицата „Илица“ вреди 223 милиони куни (29 милиони евра).

Загреб – Податоците на хрватскиото МВР покажуваат дека во првите два викенда во јуни на патиштата во Хрватска влегле дури 340.000 странци, што е помалку од истиот период лани. Помалиот број странци го потврдуваат и податоците на „Хрватските автопатишта“, на кои минатиот викенд се возеле околу 40.000 возила помалку од лани.

Букурешт – Вредноста на депозитите во Романија на крајот од вториот квартал од оваа година достигна 304,9 милијарди леи (68,9 милиони евра), што е за 0,42 отсто повеќе од претходното тримесечие. Во однос на вториот квартал во 2012 регистрирано е намалување на банкарските депозити од тогашните 316,6 милијарди леи (71,5 милиони евра) на 304,9 милијарди леи. Депозитите на физичките лица во јуни се зголемени за 5,4 проценти во однос на истиот месец во 2012 година од 120,8 на 127,3 милијарди леи (27,3 на 28,8 милиони евра). Вредноста на банкарските депозити на правните лица паднала во однос на истиот период лани од 195,8 милијарди  на 177,6 милијарди леи (44,2 на 40 милиони евра).

Стокхолм – Шведскиот ланец за трговија со облека „Хенес и Mориц“ сооптши дека остварил голем раст на продажбата во јуни, најголем во последните девет месеци. Продажбата во продавниците отворени пред една година и подолго пораснала за три отсто во однос на истиот период лани изразена во локални валути, што е нејзин најголем раст од септември 2012 година. Вкупната продажба порасна за 13 отсто, информира овој втор по големина ланец за трговија со облека во светот.

Пекинг – Кинеската економија порасна во вториот квартал од пваа година за 7,5 отсто, покажаа официјалните податоци, очитувајќи успорување на активностите второ тримесечие по ред. Во првите три месеци оф оваа година кинеската економија порасна за 7,7 отсто, а во последниот лански квартал за 7,9 отсто. За половина година заклучно со јуни економските активности пораснале за 7,6 отсто, објави државниот статистички завод, додавајќи дека резултатот во овој период е стабилен и во рамки на очекувањата.

Вашингтон – Бројот на работни места во американската индустрија во текот на минатите 10 години е намален за една петтина на околу 12 милиони, главно поради селење на производството во Кина и другите земји со евтина работна сила, пишува весникот „Вашингтон пост“, повикувајќи се на ексретски оценки. Бројот на работни места во американската индустрија нагло е намален од почетокот на минатата деценија, и поради технолошкиот развој на производството во разни дејности, наведува весникот и констатира дека тоа довело до многу тешка положба голем број производствени центри, како што е автомобилскиот гигант „Џенерал моторс“ од Детроит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП