23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов Зеланд нема заболени од коронавирус, ги укинува поголем дел од мерките

Нов Зеланд нема заболени од коронавирус, ги укинува поголем дел од мерките

Нов Зеланд веќе нема заболени од коронавирус и земјата ги укинува сите мерки освен ограничувањето на границите, рекла премиерката Џакинда Ардерн. Со ова Нов Зеланд стана една од првите во светот што го направиле тоа.

Владата ќе ги укине мерките за физичка дистанца денеска на полноќ, додала Ардерн.

Јавните и приватни настани ќе можат повторно да се одржуваат, а продавниците, угостителството и целиот јавен превоз ќе може да работи без мерки за физичко дистанцирање, кои се се уште на сила во поголем дел од земјата.

„И покрај тоа што ситуацијата е побезбедна и подобра, се уште го нема лесниот пат во животот од пред ковид-19, но одлучноста и фокусот на здравствениот одговор сега ќе се насочи во економска обнова“ рекла Ардерн.

„Иако се уште не сме ја завршиле работата, не го оспоруваме тоа дека ова е пресвртница. Затоа да завршам поедноставно: Ви благодарам, Нов Зеланде“, порачала премиерката.

Оваа тихоокеанска земја со околу 5 милиони жители ја надвладеа пандемијата, додека големите економии како Бразил, Велика Британија, Индија и САД се уште се борат против вирусот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП