25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија воведе 14 дневен карантин за граѓаните кои патуваат од Македонија

Словенија воведе 14 дневен карантин за граѓаните кои патуваат од Македонија

Словенечката Влада донесе одлука граѓаните кои патуваат од нашата држава да бидат сместени во 14 дневен карантин.

Одлуката важи и за државјаните на Словенија кои патуваат од земјава.

„Поради влошената епидемиолошка состојба во Северна Македонија, на сите лица кои влегуваат во Словенија од Северна Македонија и имаат постојан или привремен престој во Северна Македонија, им е одреден карантин во траење од 14 дена, без оглед на државјанството или престојот“, образложија од словенечката Влада.

Карантинот за Словенците кои се враќаат дома од други земји беше укинат пред три недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП