20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБил Гејтс се огласи по теориите на заговор поврзани со него

Бил Гејтс се огласи по теориите на заговор поврзани со него

Милијардерот Бил Гејтс се огласи по теориите на заговор во кои го обвинуваат за разни лоши намери во врска со коронавирусот.

„ Тешко е да се негираат такви работи бидејќи се толку глупави или чудни. Што повеќе ги повторувате, луѓето веќе веруваат во нив“ изјавил Гејтс за њујоркшкиот портал „Бизнис Инсајдер“.

Тој најавил донација од Фондацијата „Бил и МелиндаГејтс“, за глобалните истражувања за вакцина против коронавирус во износ од 1,6 милијарди долари.

Од почетокот на пандемијата, Гејтс беше предмет на заговори, кои го доведоа во врска со настанувањето на коронавирусот.

Анкета на „Јаху Њуз“ открила дека 28 проценти од возрасните Американци веруваат во теориите на заговор, кои сугерираат дека Гејтс планира да ја употреби вакцината против ковид-19 за масовна имплантација на микрочипови, кои би служеле за контрола и следење на милијарди луѓе.

„ Тоа е толку бизарно што посакувате да помислите дека е во прашање шега, но всушност таквите приказни не се шега“ рекол Гејтс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП