20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung и Apple ќе владеат во 2014-та

Samsung и Apple ќе владеат во 2014-та

resize

„Apple“ и „Samsung“ и следната година ќе имаат најголем удел во продажбата на уредите и со тоа ќе ја имаат и најголемата добивка, судејќи по најновите истражувања на пазарот кои ги спроведе „Gartner“.

Имено оваа американска компанија за консалтинг и истражување во областа на „IT“, меѓу уредите ги вклучија компјутерите, таблетите и мобилните телефони, а се очекува дека во 2014-та година купувачите да добијат 2.5 милијарди примероци од овие уреди, што би било вкупен раст од 6 проценти во однос на оваа година.

Повеќе од 75 проценти од тие уреди ќе бидат мобилните телефони, а „Android“ ќе има удел од 42 проценти меѓу мобилните телефони.

Според истражувањето 14 проценти од пазарот ќе припадне на „Apple“, а еден процент помалку на „Windows“.

Иако „Android“ убедливо води по бројот на продадени телефони, „Apple“ во првиот квартал од оваа година зема дури 57 проценти од вкупната добивка, додека преостанатите 43 проценти му припаднаа на „Samsung“.

За следната година „Gartner“ предвидува раст на продажбата на „Android“ и „Apple“ уредите за повеќе од 17 проценти, додека продажбата на уредите базирани на „Windows Phone“ ќе пораснат за само 10 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП