20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија гради алијанса со три држави поради вакцина: "Едно од најитните прашања"

Германија гради алијанса со три држави поради вакцина: “Едно од најитните прашања”

Германија и уште три земји членки на Европската унија градат нова алијанса, која има за цел да обезбеди пристап до вакцини против коронавирус, веднаш кога ќе се дојде до нив.

Целта е да се осигураме дека тие се фер дистрибуирани низ целиот свет, објави деловниот весник Handelsblatt.

Весникот го цитираше германскиот министер за здравство, Јенс Шан и неговите колеги од Франција, Италија и Холандија, кои во писмото до Европската комисија навеле, дека пристапот до вакцините е едно од најитните прашања со кои Европската унија мора да се справи во моментот, пренесе Reuters.

Затоа, оваа група на земји се ангажира да го постигне најбрзиот и најдобриот можен исход во преговорите со клучните актери во фармацевтската индустрија.

Четирите земји, кои делуваат на иницијатива на Берлин, сакаат да ја спречат ЕУ да изгуби во трката за вакцина од САД и Кина, објави весникот.

Напорите на американскиот претседател Доналд Трамп први да добијат пристап до пронаоѓачите на вакцини, во замена за милијарди долари инвестирани во фармацевтските компании, се гледаат со сомнеж во Европа, додава Handelsblatt.

САД обезбедија скоро третина од првите милијарда дози експериментални вакцини за COVID-19, AstraZeneca ветувајќи 1,2 милијарди долари.

Handelsblatt цитираше владини извори, кои велат дека Германија, Франција, Италија и Холандија разговарале со неколку фармацевтски компании, вклучително и AstraZeneca, за државните фондови за истражување и гаранциите за купување.

Европа мора да изгради пазарна моќ за да ја преживее борбата за вакцините, цитира весникот владини извори во Берлин.

Овие четири земји членки на ЕУ, исто така разговарале и со Британија, Норвешка, Сингапур и Јапонија за можна соработка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП