25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Хрватска скоро 50.000 луѓе останаа без работа поради пандемијата

Во Хрватска скоро 50.000 луѓе останаа без работа поради пандемијата

И покрај мерките на владата на Андреј Пленковиќ за зачувување работните места, во Хрватска без работа во првите два и пол месеци од коронакризата останаа скоро 50.000 луѓе, според новите податоци на хрватскиот завод за вработување.

Според тие податоци, во Хрватска на 16 март, на денот кој ХЗ го смета за почеток на коронакризата и кога започна масовната регистрација на нови невработени на берзата на трудот, имало вкупно 134.717 невработени.

До 2 јуни на берзата биле регистрирани 157.772 невработени лица, што е за 23.055 лица повеќе отколку во средината на март.

Меѓутоа, тоа не е ни приближно до вкупниот број на луѓе кои во коронакризата останале без работа, со оглед на тоа дека дел од невработените и во криза нашле работа, а дел се избришани од евиденција.

Имено, податоците на ХЗ покажуваат дека од 16 март до 2 јуни, на берзата на труд се пријавиле 49.936 новоневработени, од кои од нив 43.885 на берзата дошле откако добиле отказ.

Според податоците на ХЗ, најголем дел од нововработените се од секторот туризам и угостителство, но и од трговија, преработувачка индустрија и други услужни активности, во кои спаѓаат и фризери, козметичари и педикири.

– Поголемиот дел од нововработените доаѓаат од микро и мали компании, од кои голем дел беа затворени за време на карантинот – оценува економскиот аналитичар Дамир Новотн.

Тој наведува дека недостасувало и сезонското вработување, но, од друга страна, во големите компании немало значителни отпуштања на работници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП