25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД забрануваат летови на кинеските компании

САД забрануваат летови на кинеските компании

САД од 16 јуни ќе воведат реципрочна мерка, забрана за летови на кинеските компании кон Америка.

Тие, исто така, ќе извршат притисок врз Пекинг за да им дозволат на американските авиокомпании повторно да летаат кон Кина, соопшти американскиот Секретаријат за сообраќај, пренесува лондонски Guardian.

Забраната на американската администрација ќе се однесува на Air China, China Eastern Airlines, China Southern Airlines, Hainan Airlines како и на кинеските чартер компании.

Американските авиокомпании Delta Airlines и United Airlines побараа дозвола од официјален Пекинг да ги обноват трговските летови кон Кина, но досега тие не добиле одобрение од кинеските власти, иако кинеските компании постојано летале кон САД, дури и за време на пандемијата.

Во вчерашното соопштение, компанијата Delta Airlines “изразува благодарност и ја поддржува американската администрација во активностите насочени кон зајакнување на законот и фер односите”. Кинеската амбасада во Вашингтон сè уште не го коментираше ова прашање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП