Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,931.87 0.24%    BESK 5,700.00 0%    GRNT 940.00 -1.25%    KMB 5,997.97 -0.02%    MPT 66,000.00 1.54%    RZIN 46.00 -48.89%    SBT 2,600.33 0.01%    TNB 16,500.00 0.92%    TTK 1,282.00 0%    ZPOG 1,800.00 0%    

ОРМ: Штетите врз бизнисот ќе бидат уште поголеми доколку ситуацијата со Ковид-19 наскоро не се подобри

Време: 11:34

Датум: јуни 4, 2020

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Кризата предизвикана од Ковид-19 пандемијата има големо влијание на 82% од македонските компании. Девет сектори во кои се ангажирани 62% од вкупниот број вработени во стопанството се најмногу погодени од кризата, а дури 40 000 работни места се наоѓаат во непосреден ризик. Без адекватни мерки и поддршка за овие компании и вработени, сегашната стапка на невработеност во земјата ќе се зголеми и до пет процентни поени.

Ова се дел од резултатите од анкетното истражување што го спроведе Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) меѓу домашните компании, како основа за изготвување на неодамна објавениот извештај за брза процена на влијанието на Ковид-19, изработен од Меѓународната организација на трудот (МОТ), преку проектот „Зајакнување на социјалниот дијалог“, финансиран од Европската Унија.

Во деветте најпогодени сектори од кризата предизвикана од Ковид-19 пандемијата се: услужните дејности, особено оние поврзани со храна и пијалаци; секторот на малопродажба; транспортот и складирањето; преработувачката индустрија, особено производството на прехранбени производи; и градежништвото. Дури 43% од компаниите во овие сектори, особено микро и малите претпријатија, пријавиле пад на приходите за половина или повеќе, а 11% привремено прекинале со работа. Околу половина од анкетираните компании изјавиле дека нивната компанија нема да го „преживее“ третиот квартал од оваа година доколку ситуацијата со кризата значително не се подобри.

„Оценка на најголемиот дел од компаниите кои учествуваа во истражувањето е дека досегашните економски мерки на Владата за поддршка во време на Ковид-19 кризата беа навремени, но дека големината на обезбедената поддршка и времетраењето на мерките нема да бидат доволни за да се постигнат посакуваните ефекти“, вели претседателот на ОРМ, Ангел Димитров.

Над 70% од анкетираните компании сметаат дека државната помош за исплата на платите на вработените треба да продолжи и до шест месеци, а повеќе од половината од компаниите се искажале дека треба да се обезбедат дополнителни даночни олеснувања во делот на персоналниот данок, данокот на добивка и ДДВ, како и да се зголеми обемот на бескаматни кредити кои би биле пласирале преку Развојната банка на Северна Македонија кои треба да придонесат што повеќе компании погодени од кризата да ја одржат својата економска активност, со што би избегнале стечај, ликвидација и отпуштање на вработените.

„Заедничко укажување на компаниите кои учествуваа во истражувањето е дека распределбата на државните средства и кредити во рамките на владините програми за поддршка треба да се прави на фер и транспарентен начин“, потенцира Димитров.

Инаку, споменатиот извештај за брза процена на влијанието на Ковид-19 содржи 11 препораки за поддршка на работниците, компаниите и граѓаните, кои се разгледуваат во рамки на трипартитниот социјален дијалог меѓу владата, работодавачите и синдикатите.

ОРМ е единствен репрезентативен член на работодавачите во националниот економско-социјален совет, каде уште од почетокот на актуелната криза поднесува предлози за полесно надминување на последиците врз домашната економија. Истовремено, ОРМ редовно на својата интернет-страница www.orm.org.mk ги објавува сите информации, мерки и уредби на надлежните институции, а нуди и дополнителна асистенција и насоки за сите компании за тоа како да се користат мерките за полесно и со помали последици да ја надминат актуелната криза.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • На границата меѓу Бугарија и Грција за 40 евра се продаваат лажирани тестови за Ковид-19

    На границата меѓу Бугарија и Грција за 40 евра се продаваат лажирани тестови за Ковид-19

    Во пограничното подрачје меѓу Грција и Бугарија се појавиле лажни резултати од тестови за Ковид-19, кои се продаваат по цена од 30 до 40 евра,…

  • Околу 30.000 работни места во Велика Британија се изложени на ризик

    Околу 30.000 работни места во Велика Британија се изложени на ризик

    Организаторите на настани и изложби во Велика Британија предупредуваа дека околу 30.000 работни места се изложени на ризик заради зголемена неизвесност за тоа кога саемите…

  • Регистрирани 135 новозаразени од Ковид-19, четири смртни случаи и 142 оздравени

    Регистрирани 135 новозаразени од Ковид-19, четири смртни случаи и 142 оздравени

    Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на Kовид-19, и тоа во: Скопје…

  • Анкета на НБРМ: Економијата годинава ќе падне 3,2%, инфлацијата на 0,4%

    Анкета на НБРМ: Економијата годинава ќе падне 3,2%, инфлацијата на 0,4%

    Надолна ревизија на очекувањата за просечната стапка на инфлација во земјава и очекуваниот раст на Бруто домашниот производ, покажува Анкетата на Народната банка направена во јуни.…

  • Британските компании неподготвени за Брегзит

    Британските компании неподготвени за Брегзит

    Три четвртини од британските фирми не се подготвени за Брегзит, покажа истражувањето кое го објави институтот IoD (Institute of Directors). Половина од речиси 1.000 анкетирани…

  • Конте: Ако не се задоволни веднаш ќе заминам

    Конте: Ако не се задоволни веднаш ќе заминам

    Тренерот на Интер Антонио Конте рекол дека целосно и е посветен на работата, но бил подготвен да замине доколку клупските челници не се задоволни. Конте…

  • Бундесбанк: Германската економија започна да се опоравува од пандемијата

    Бундесбанк: Германската економија започна да се опоравува од пандемијата

    Германската економија се опоравува од падот предизвикан од пандемијата на коронавирусот, откако во јуни достигна ниско ниво, според индикаторот во реално време, развиен од централните…

  • Утре неработен ден за сите граѓани поради одржување на изборите

    Утре неработен ден за сите граѓани поради одржување на изборите

    Согласно заклучокот на Владата од 74-тата седница одржана на 7 јули годинава среда, 15 јули, е неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија…

  • Руските приходи од злато за прв пат поголеми од гасот

    Руските приходи од злато за прв пат поголеми од гасот

    Приходот на Русија од извозот на злато за прв пат е поголем отколку од продажбата на гас, покажуваат податоците на Федералната царинска служба и Централната…

  • Сончање на лежалки под маски, задолжителна дистанца во вода и на плажа, во радиус од 100 метри дозволени само 15 гости!

    Сончање на лежалки под маски, задолжителна дистанца во вода и на плажа, во радиус од 100 метри дозволени само 15 гости!

    Владата ги донесе протоколите за плажите во тек на пандемијата предизвикана од Ковид-19. На плажа од 100 метри квадратни, може да има 15 посетители. Носењето…