20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолективно го тужат Google, бараат пет милијарди долари

Колективно го тужат Google, бараат пет милијарди долари

Во Соединетите држави е поднесена колективна тужба против Google.

Во тужбата се тврди дека компанијата незаконски ја нарушува приватноста на корисниците со набљудување на активноста на луѓето дури и кога пребаруваат содржина преку интернет користејќи го таканаречениот “приватен режим”.

Обвинителите бараат отштета од најмалку 5,0 милијарди американски долари од Google и неговиот сопственик, компанијата Alfabet, објави британскиот јавен сервис BBC.

Многу корисници на интернет претпоставуваат дека историјата од нивното пребарување не се следи кога содржината на мрежата се пребарува во “приватен режим”, но Google вели дека тоа не е случај.

Google пребарувачот ги отфрла тврдењата дека неговото постапување е нелегално бидејќи, како што вели, јасно ги информирал корисниците дека кога и да отворат нова “инкогнито” картица, веб-страницата на која се наоѓаат може да собере информации за нивната активност за пребарување.

Според адвокатската фирма „Бојес Шилер Флекнер“, која во вторникот поднесе тужба пред федералниот суд во Сан Хозе, Калифорнија во колективната тужба веројатно ќе бидат опфатени “милиони” корисници на  Google кои од 1 јуни 2016 година пребаруваат на интернет во приватен режим.

Во тужбата се наведува дека Google “не смее да продолжи со тајни и неовластени собирања на податоци на скоро сите Американци кои имаат компјутер или телефон”, пренесува BBC.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП