25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија ќе потроши 130 милијарди евра за помош на економијата

Германија ќе потроши 130 милијарди евра за помош на економијата

Водечките германски партии се согласија за пакет мерки вреден 130 милијарди евра, кој ќе и помогне на економијата да излезе од кризата предизвикана од пандемијата, предизвикана од ширењето на коронавирусот, изјави канцеларката Ангела Меркел по маратонските преговори кои траеа два дена.

Милијарди евра ќе бидат потрошени за да им се помогне на индустриите кои се нашле во проблеми, дополнително ќе бидат финансирани оние области во кои невработеноста се зголеми, а еднократниот бонус вреден 300 евра по дете ќе биде платен со другите поволности кои се однесуваат на децата.

Значително зголемени ќе бидат субвенциите за набавка на автомобили, но само оние со електричен погон. Од оваа мерка се изоставени автомобилите кои користат фосилни горива.

Договорено е и дека ДДВ-то да биде намалено од 19 на 16 проценти, а пониската стапка од седум на пет проценти, објави агенцијата dpa, повикувајќи се на документот за одлука.

Вкупниот износ на финансискиот пакет во голема мерка ги надмина очекувањата на јавноста. Досегашните анализи говореа за тоа дека се разгледувал пакет во вкупна вредност од 80 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП