26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗавршна обдукција: Флојд починал од срцев удар и бил заразен со коронавирус

Завршна обдукција: Флојд починал од срцев удар и бил заразен со коронавирус

Според официјалниот извештај, Флојд починал од срцев удар, а независната обдукција финансирана од семејството наведува „задушување од силен притисок“ како причина за смртта.

Смртта на Џорџ Флојд е предизвикана од срцев удар, заклучил официјалниот патолог на округот Хенепин, откако била извршена конечната обдукција врз телото на афроамериканецот убиен за време на апсењето, за што поранешниот полицаец Дерек Човин и уште тројца негови колеги се обвинети за соучесништво и неактивност.

Во извештајот на д-р Ендру Бекер се наведува дека вратот на Флојд бил притиснат кога Човин со коленото ја стиснал жртвата и го држел повеќе од осум минути, но во заклучокот тоа не се спомнува како директна причина за смрт. Семејството Флојд финансираше независна обдукција, во која се наведува „задушување од силен притисок“ како причина за смртта.

Во новиот извештај се наведува дека Флојд имал бројни модринки и исекотини на главата, лицето, устата, рамената, рацете и нозете, но нема докази дека било кои од овие повреди биле смртоносни. Во завршната обдукција се наведува дека Флојд имал срцеви проблеми, страдал од висок крвен притисок и неодамна бил позитивен на коронавирус, но без никакви индикации дека тоа имало каква било улога во неговата смрт.

Првичниот извештај за токсикологија покажал умерено ниво на фентанил и метамфетамин во телото на жртвата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП