Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

GRNT 930.00 -2.11%    KMB 5,947.00 0.64%    OKTA 3,153.00 -1.47%    RMDEN18 99.00 0%    STIL 78.00 0%    TEL 320.00 0.36%    TNB 16,450.00 2.73%    ZPOG 1,800.00 0%    

Граѓаните на интернет ќе треба да проверат дали се меѓу корисниците на домашната платежна картичка

Време: 08:29

Датум: јуни 4, 2020

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Граѓаните кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја добијат.

Како што информираат од Владата, УЈП, МОН и ФЗО изготвуваат листа на сите граѓани и вработени со низок доход, листа од сите ученици и студенти и листа на сите здравствени работници кои ги исполнуваат условите за да добијат домашна платежна картичка.

Корисниците ќе ја добијат домашната платежна картичка на домашна адреса или ќе можат да ја подигнат од банката издавач, без да аплицираат.

Наскоро, на страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk, граѓаните ќе може да проверат дали им следува, односно дали се корисници на некоја од платежните картички и која е нивната банка издавач.

Корисниците ќе бидат исконтактирани од банките.

„Целиот процес е направен да биде максимално едноставен за корисниците, без пријавување или аплицирање, туку институциите да ја завршат целата постапка за нив“, се наведува во владиното соопштение.

Корисници на домашни картички ќе бидат:

– Граѓани со низок доход: Приматели на социјална помош и невработени, евидентирани како активни баратели на работа во АВРСМ до 22 мај годинава, кои оствариле нето доход до 180.000 денари во 2019 и нето доход до 60.000 денари во период од јануари до април 2020 година, согласно евиденцијата на УЈП. Тие ќе добијат картичка со 9.000 денари;

– Вработени со низок доход: Лица кои се во работен однос и кои за периодот од јануари до април 2020 година оствариле доход само по основ на плата и надоместоци на плата во нето-износ не поголем од 60.000 денари на ниво на полно работно време, според евиденцијата на УЈП. Овие корисници ќе добијат картичка со 3.000 денари;

– Млади лица: Лица со наполнети 16 години и не постари од 29 години (заклучно 22.05.2020), активни учесници во државното формално средно образование и високото додипломско образование. Тие ќе добијат картичка со 3.000 денари;

– Здравствени работници ангажирани во справување со Ковид-19: Вработени во ЈЗУ, Клиника за инфективни болести, Институт за јавно здравје, Центри за јавно здравје, Итна помош, инфективните одделенија и вработени во други одделенија ангажирани за тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од Ковид-19. Овие здравствени работници ќе добијат картичка со износ од 40% од основната нето-плата.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Нови 168 заразени со Ковид-19, тројца починати, 70 оздравени пациенти

    Нови 168 заразени со Ковид-19, тројца починати, 70 оздравени пациенти

    Во последните 24 часа се направени 1.470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-83, Куманово-8, Дебар-2, Штип-6, Прилеп-3, Тетово-26, Струга-5, Битола-2,…

  • Италијанците јадат премногу риба

    Италијанците јадат премногу риба

    Европејците во просек консумираат 23 килограми риба годишно по глава на жител, а Италијанците уште повеќе, 29 килограми годишно. Овие бројки Светскиот фонд за природа…

  • Дали знаете што е М – циклус?

    Дали знаете што е М – циклус?

    Силната амбиција, јакиот карактер и самодовербата се заеднички карактеристики на повеќето високо образовани жени во светот. Тие знаат што сакаат, веруваат дека  можат, и ги…

  • Наместо да загуби, Елон Маск заработи над 50 милиони по спогодбата со регулаторите

    Наместо да загуби, Елон Маск заработи над 50 милиони по спогодбата со регулаторите

    Акциите на Tesla кои основачот Eлон Мaск ги купи во 2018 година за 20 милиони долари, за да ја плати казната која му ја изречекла Комисијата…

  • Грција ги тестира скоро сите патници на граничниот премин со Бугарија

    Грција ги тестира скоро сите патници на граничниот премин со Бугарија

    Грчкото Министерство за здравство ги интензивираше тестовите за коронавирус на граничниот премин Промахонас на грчко-бугарската граница, која служи како главен влез за патниците од другите…

  • Ангеловска со видео отчет за сработеното во изминатите 10 месеци

    Ангеловска со видео отчет за сработеното во изминатите 10 месеци

    Ангеловска дојде на функцијата министер за финансии пред 10 месеци. Во видеото кое го објави денес на својот Фејсбук профил во кое дава ретроспектива на…

  • Словенците купиле речиси половина од недвижниот имот на хрватското крајбрежје

    Словенците купиле речиси половина од недвижниот имот на хрватското крајбрежје

    Словенечките државјани купиле 9.439 недвижности во Хрватска од 2013 година, кога земјата влезе во ЕУ, покажуваат податоците на хрватската даночна администрација. По Словенците следуваат германските…

  • Регионално истражување: Брзина, едноставност и практичност на најголемата предност на бесконтактното плаќање

    Регионално истражување: Брзина, едноставност и практичност на најголемата предност на бесконтактното плаќање

    Вкупното користење на бесконтактниот начин на плаќање со Visa картичките во нашата земја порасна за 113 проценти во однос на март минатата година, а 86…

  • „Победата дојде“ – во болницата во Бергамо нема пациенти со Ковид-19 во одделот за интензивна нега(видео)

    „Победата дојде“ – во болницата во Бергамо нема пациенти со Ковид-19 во одделот за интензивна нега(видео)

    Во болницата „Папата Јован“ во Бергамо, Италија, нема повеќе пациенти со коронавирус на одделот за интензивна нега, 137 дена откако бил примен првиот пациент. Овој…

  • На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка

    На работа се враќаат само родителите чии деца одат на училиште, но не и оние кои имаат деца во градинка

    Министерот за здравство Венко Филипче денеска појасни за кои вработени се однесува уредбата со која на работа треба да се вратат родителите кои имаат деца…