25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија од 15 јуни ја укинува забраната за патувања за некои европски...

Германија од 15 јуни ја укинува забраната за патувања за некои европски земји

Германската влада планира да ја укине забраната за патување за некои европски земји од 15 јуни.

Владата на Германија ќе го стори тоа доколку во тие земји нема да се преземат некои мерки кои би го оневозможиле патувањето, како што е Велика Британија, јавува Anadolu Agency (AA).

Германија во март предупреди на сите непотребни патувања во странство.

Целта е да се промени тоа за 26 германски партнери од Европската унија, други земји надвор од ЕУ кои се дел од европскиот шенгенски патнички простор без пасоши и Велика Британија.

Министерот за надворешни работи на Германија, Хајко Мас, изјави дека предупредувањето ќе биде заменето со поконвенционални совети за патувања „сè додека не се случи забрана за влез и блокади од поголеми размери“.

Мас изјави дека предупредувањето за патување ќе биде заменето со упатства, но дека не препорачуваат патување во Велика Британија, каде е на сила 14-дневен карантин за странски државјани кои влегуваат во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП