19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШведскиот епидемиолог признава: Денес би одлучил поинаку

Шведскиот епидемиолог признава: Денес би одлучил поинаку


Главниот шведски епидемиолог кој стои зад стратегијата на земјата да не се затвори поради пандемијата од коронавирус призна дека требало да се воведат повеќе ограничувања за да се спречи ширењето на COVID-19, објави BBC.

Со месеци, Андерс Тегнел го бранеше својот пристап – кој не ја затвори Шведска како другите земји – како поодржлив, критикувајќи ги другите за нивните премногу рестриктивни мерки.

Но, во средата наутро во интервју за шведското радио, се согласи дека во неговата земја умреле премногу луѓе.

„Ако сега би се соочиле со истата болест, знаејќи точно тоа што го знаеме денес, мислам дека би биле некаде на половина пат помеѓу она што го направи Шведска и она што го направи остатокот на светот“, изјави тој.

Шведска има најголема стапка на смртност во светот. Повеќе од 4.400 луѓе починале, а 38.500 се заразиле.

Данска, Финска и Норвешка заедно имаат околу 1.100 смртни случаи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП