27 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Русија од денес во сила е забраната за увоз на нафтени...

Во Русија од денес во сила е забраната за увоз на нафтени деривати

Во Русија, oд денес е на сила забраната за увоз на бензин, дизел, керозин, бродско гориво и плин, воведена како поддршка на домашната нафтена индустрија.

Владата одлуката за забрана ја донесе на 25 мај, за период до 1 октомври, а следеше откако во април испораката на бензин од Белорусија во Русија со железница нагло се зголемил, достигнувајќи 1,5 проценти од вкупната потрошувачка на бензин во Русија.

Тоа пак, е поврзано со фактот дека многу руски купувачи на белоруски горива, земајќи ги предвид трошоците за превоз, платиле најмалку 500 рубли помалку по тон отколку да купувале на домашниот пазар на кој понудата падна.

Рускиот министер за енергетика Александар Новак изјави дека забраната за увоз на ефтин бензин во Русија е предложена како присилна антикризна мерка за шест месеци. Истакна дека многу земји прибегнуваат кон не целосно пазарна, но неопходна мерка.

Забраната за увоз, изјави тој, исто така е поддршка за домашното рафинирање на нафта и одржување на вработеноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП