1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврото на највисоко ниво од средината на март

Еврото на највисоко ниво од средината на март

Курсот на еврото во понеделникот на меѓународните пазари накратко достигна највисоко ниво од средината на март, а поризичните валути беа во добивка поради тоа што инвеститорите беа охрабрени од добрата вест од кинеската економија и знаците за олеснување на тензиите помеѓу САД и Кина.

Курсот на еврото зајакна на почетокот на неделата за 0,4 проценти спрема доларот, во однос на затварањето во петокот, достигнувајќи 1,1154 долари, највисоко ниво од 17 март.

Австралискиот долар, чувствителен на развојот на глобалната трговија, зајакна дури 1,3 проценти во однос на американскиот, на највисоко ниво за четири месеци.

Британската фунта зајакна 0,5 проценти во однос на доларот, достигнувајќи ги највисоките нивоа за три недели, од 1,2414 долари. Поддршка и пружа постепеното олеснување на ограничувањата во Британија, воведени против епидемијата од коронавирус.

Кинескиот јуан на странските пазари малку се засили во однос на доларот, по добивката во петокот среде надежта дека тензиите во односите меѓу Кина и САД ќе попуштат.

Новозеландскиот долар спрема американскиот зајакна за 0,8 проценти, а канадскиот долар 0,5 проценти во однос на затворањето во петокот.

Значителни добивки во последно време оствари австралискиот долар, чие зајакнување најмногу се припишува на повторното започнување на економијата по карантинот и скокот на цената на железната руда, водечка австралиска извозна стока, на рекордни високи нивоа.

Некои аналитичари велат дека австралискиот долар може на трговците да им послужи како еден вид ориентир во услови на лесно излегување на другите економии од карантин, иако ширењето на вирусот беше далеку поизразено во другите земји, како што се Италија и Британија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП