25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските берзи пораснаа втор ден по ред

Азиските берзи пораснаа втор ден по ред

На азиските берзи во вторникот, цените на акциите се зголемија веќе втор ден по ред, бидејќи инвеститорите се надеваат на брзо закрепнување на светската економија, па тензиите помеѓу САД и Кина и економската штета од корона кризата се во втор план.

MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, околу 7 часот беше во плус 0,3 проценти, откако вчера скокна повеќе од 2 проценти и го достигна највисокото ниво од почетокот на април.

Притоа, на берзата во Токио, Nikkei индексот зајакна повеќе од 1 процент, додека цените на акциите во Австралија, Хонг Конг, Сингапур и Јужна Кореја пораснаа помеѓу 0,3 и 0,8 проценти. Во Шангај, пак малку паднаа.

Азиските инвеститори беа охрабрени од вчерашниот раст на цената на акциите на Wall Street, и покрај зголемувањето на тензиите помеѓу Вашингтон и Пекинг и масовните протести во САД поради полициското насилство и расизмот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП