25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија планира БОГАТИ БОНУСИ за купување на нови автомобили

Германија планира БОГАТИ БОНУСИ за купување на нови автомобили

Германското Министерство за економија, предлага шема за бонуси во вредност од пет милијарди евра за набавка на нови автомобили во новиот пакет за поттикнување, пренесуваат два добро информирани извори.

Глобалната продажба на автомобили опадна нагло, бидејќи фабриките за автомобили и изложбените салони беа затворени поради пандемијата на коронавирусот.

Неодамнешното истражување на Институтот Ифо покажа дека очекувањата во германскиот автомобилски сектор се на најниско ниво од 1991 година, пишува Ројтерс.

Министерството за економија предлага исплата на бонуси на купување на електрични и конвенционални возила, со ограничување на цената до 77.350 евра, а пакетот за поттик би бил во сила до крајот на годината, велат изворите.

Според планот на министерството, основниот бонус би бил 2.500 евра по возило, плус 500 евра за набавка на возила со по-економична потрошувачка. Важечките попусти би се зголемиле за 1.500 и 750 евра, во случај на набавка на електрични и хибридни возила.

Министерството одби да ги коментира информациите.

Медиумите објавија дека владата треба да претстави сеопфатен пакет економски стимулации, чија вредност би можела да достигне 80 милијарди евра.

Предлогот за бонус за купување на нови автомобили веќе наиде на критики. Некои политичари и индустриски здруженија посочуваат дека програмата за стимулирање треба да биде поврзана со мерките за борба против климатските промени, а не да се фаворизираат одредени сектори.

Претседателот на Социјалдемократите (СПД), Норберт Валтер-Борјанс, за Ројтерс изјави дека ги поддржува стимулациите за автомобилската индустрија, но „во случај државата да обезбеди субвенции за нови автомобили, истите да мора да бидат наменети за купување на електрични возила“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП