19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчкиот министер за туризам: Грција безбедна за летување

Грчкиот министер за туризам: Грција безбедна за летување

Грција е подготвена да им обезбеди на туристите безбедно место за летување, со оглед дека сите мерки се преземени против ширењето на пандемијата, изјави грчкиот министер за туризам Хари Теокарис.

Теокарис не сака европските лидери да им кажуваат на луѓето да останат во своите домови.

„Стравот е разбирлив, луѓето се плашеа кога решивме да отвориме училишта и други институции, но ништо лошо не се случи. „Ги презедовме сите мерки за да спречиме повторно ширење на пандемијата“, изјави министерот за туризам.

Теокарис исто така истакна дека во секое сместување кое има повеќе од 50 кревети, ќе има лекар кој ќе се грижи за гостите доколку имаат било какви здравствени проблеми.

„Знаеме дека оваа година, дури и за мали здравствени проблеми, луѓето ќе помислат дека станува збор за вирус. Тоа лесно може да го уништи летувањето, па затоа е потребен лекар и ќе ви обезбеди чувство на сигурност“.

Островите во Грција ќе бидат поделени во категории со низок, среден и висок ризик во зависност од тоа колку е лесен пристапот до здравствени установи, а медицинските работници и лекарите кои ќе бидат испратени на тие острови ќе поминат специјална обука.

„Нашите здравствени протоколи се многу строги“, истакна министерот, додавајќи дека луѓето не треба да се сомневаат во можноста Грција да ги заштити своите туристи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП