23 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАУчиме од најдобрите: 6 лекции за лидерство од Мајкл Џордан

Учиме од најдобрите: 6 лекции за лидерство од Мајкл Џордан

Деновите во карантин на добар дел од луѓето во светот им беа разубавени со документарната серија „Последниот танц“, посветена на славниот Мајкл Џордан и неговите подеднакво познати Чикаго Булс од 90-тите години.

Серијата од 10 епизоди е ретроспектива од 1984 година, кога Мајкл Џордан започна да игра во НБА па се до 1998 година.

Магијата што според мислењето на многумина ја создавал најдобриот кошаркар на сите времиња, како и доминацијата на паркетот, може да се пренесе и искористи ефективно и на работното место.

Ова се шест лекции од Мајкл Џордан кои се симбол на она што мора да го направат лидерите за да победат:

1. Прилагодувајте се на ситуацијата

Како играч, Џордан беше познат по неговата неуморна работна етика и подготвеност да се прилагоди, се со цел да ги победи противниците.

Како лидер, мора да се прилагодите и да научите како да го надминете неуспехот. Важно е да го разберете предизвикот и да откриете кои алатки и методи се потребни за да се надминат пречките.

2. Тимска работа

Како што вели Џордан, „Талентот носи победи, но тимската работа и интелигенцијата освојуваат шампионати“.

На почетокот на својата кариера, Џордан се обиде сé да прави сам на теренот. Иако постигна одлични лични резултати, неговиот тим не освои титули.

Индивидуалниот придонес за тимска работа важи и за деловното работење: За да бидете успешни, мора да работите заедно како тим – интелигентно – за да ја постигнете целта. Тимот е тој што ја „завршува работата“.

3. Верувајте во себе

Мајкл Џордан верувал во неговите способности и непоколебливата самодоверба неопходна за постигнување на неговите цели.

Доколку не верувате во себе, многу е тешко да ги водите другите. Лидерството бара екстремна самодоверба и познавање самиот себе. Тоа значи да бидете интроспективни и да ги знаете вашите предности, како и вашите слабости.

4. Секогаш давајте се од себе

Гледајќи како игра Мајкл Џордан, сигурно сте забележале дека тој давал се од себе, без оглед на околностите. Неговата посветеност на секој натпревар беше неспорна.

Големите водачи мора да ја имаат таа особина и мора да бидат подготвени да претрпат загуби во потрагата по победи.

Како што вели Џордан: Можам да прифатам неуспех, но не можам да прифатам да не се обидам.

5. Развијте менталитет на раководител

Лидерството исто така бара одредено ниво на на сопствен менталитет и одговорност. Кога сте раководител, вашиот тим ве гледа како пример. Вие сте одговорни за процесите и резултатите.

6. Учете од своите грешки

„Учењето е подарок, дури и кога болката е ваш учител“, вели Џордан.

Иако понекогаш работите не одат како што сте замислувале и се надевавте, секогаш постои лекција што ќе ви биде важна за во иднина.

Лидерството не е само улога, туку одговорност која не се покажува само со зборови, туку и со дела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП