20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеската економија се опоравува побрзо од другите светски економии

Кинеската економија се опоравува побрзо од другите светски економии

Покрај тоа што е “родно место” на коронавирусот, Кина е исто така првата земја која бележи економско закрепнување од блокадата предизвикана од пандемијата.

ММФ предвидува дека кинеската економија оваа година ќе порасне за еден процент, додека, на пример, американската економија ќе забави за дури шест проценти. Просечниот пад на економиите ширум светот оваа година би требало да изнесува три проценти.

„Закрепнувањето на Кина е обележано со V шема – остар пад кој му претходи на брзиот економски раст – барем според индексот за набавки (PMI)“, изјави за CNBC, Ричард Мартин од IMA Asia, групацијата која ги опфаќа директорите на компаниите од Азија.

Се очекува и Виетнам и Тајван да имаат закрепнување слично на кинеското. Меѓутоа, додава тој, тоа не значи дека другите светски економии погодени од пандемијата брзо ќе се вратат на нивото пред кризата. На повеќето од нив ќе им требаат најмалку три месеци за економиите да започнат посериозно да се опоравуваат.

Патем, според индексот PMI, Кина во мај забележа раст. Нејзиниот резултат се искачи на 50,6 поени, што покажува дека економијата расте. Нешто под 50 поени сведочи за нејзино забавување. Сепак, предупредува Ричард, тоа не значи дека закрепнувањето на кинеската економија е загарантирано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП