28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо автобус само со маска, укинат бесплатниот превоз за пензионерите

Во автобус само со маска, укинат бесплатниот превоз за пензионерите

 

Граѓаните кои ќе користат јавен превоз мора да носат заштитни маски, а автобусите задолжително редовно да се дезинфицираат.

Превозниците треба да водат сметка и за бројот на патниците што ќе се превезуваат, а максимална искористеност, според владината уредба, е до 50 отсто од капацитетот на возилата.

ЈСП Скопје соопшти дека поради зголемениот број на новозаразени со Ковид-19, од денеска е укинат бесплатниот автобуски превоз за пензионерите во вторник, петок, сабота и недела, што беше воведен минатата недела.

Автобусите на ЈСП Скопје“ сообраќаат во текот на целиот ден без временско органичување, по саботен возен ред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП