15 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска планира скратување на работната недела

Хрватска планира скратување на работната недела

Министерот за труд, Јосип Аладровиќ, изјавил дека Хрватска планира да ја скрати работната недела, а трошоците за делот од работното време кое ќе се скрати ќе ги сноси државата.

Аладрович најавил дека во текот на следната недела ќе ги започне разговорите со синдикатите и работодавците и дека е убеден дека ќе можат да постигнат договор во јуни.

„Концептот е таков што нема да има намалување на платите, а државата би ги сносила трошоците за делот од работното време кое ќе биде скратено“, изјави тој.

Аладрович исто така изјави дека во јули околу 80 до 100 илјади луѓе ќе можат да ги користат средствата наменети за зачувување на работните места во земјата.

Пари за таквите мерки се предвидени со програмата на Европската комисија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП