20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКомпаниите во Австрија очекуваат нормализација дури на почетокот на 2021 година

Компаниите во Австрија очекуваат нормализација дури на почетокот на 2021 година

Австриските компании, после кризата од пандемијата од коронавирус, очекуваат нормализирање на бизнисот дури на почетокот на следната година.

Четири од пет компании во Австрија се негативно погодени од кризата, а скоро две третини пријавиле работа со скратено работно време, додека секоја петта компанија се откажала од планираните инвестиции, покажува истражувањето на економскиот институт Wifo.

Последиците од коронавирусот најмногу ги почувствувале компаниите во градежниот сектор, но и индустријата исто така беше негативно погодена, иако, за разлика од услужната индустрија, таа не беше погодена од затворањето.

Вкупно 41 отсто од компаниите ги одложиле инвестициите, 53 проценти од индустриските, 36 проценти од услужните и 29 проценти од градежните компании.

Секоја петта компанија ја искористила помошта за ликвидност која ја понудила државата, а кредитите зголемено ги користеле за понатамошно работење.

Во просек, нормализацијата на бизнисот се очекува само по седум месеци, а најрано, како што очекуваат, тоа е можно само за четири месеци.

За многу компании, тоа ќе биде предолг период, затоа што седум проценти од компаниите имаат резерви за само два месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП