16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПротестите ги затворија продавниците низ Америка: Amazon менува рути и откажува испораки

Протестите ги затворија продавниците низ Америка: Amazon менува рути и откажува испораки

Американските веледрогерии и трговците на мало ги затворија некои продавници низ целата земја поради немирите за време на протестите поради смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд.

Компаниите Target, CVS, Apple и Walmart објавија дека привремено ги затворија или ги ограничиле работните часови на своите продавници од безбедносни причини, откако тие објекти во некои градови беа запалени, провалени и ограбени кога протестите станаа насилни, пренесува AP.

Amazon соопшти дека ги прилагодил своите рути и ги прекинал испораките поради безбедност на своите возачи во некои градови, меѓу кои Чикаго, Сиетл, Лос Анџелес и Минеаполис.

Малите продавници претрпеа штета и се обидуваат да утврдат како да работат среде хаосот. Тие се соочуваат со проблеми во испораката на стоки, но има и работници кои не сакаат да доаѓаат на работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП