20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ пазари: Индексите пораснаа на почетокот на неделава

ЕУ пазари: Индексите пораснаа на почетокот на неделава

На европските берзи утрово цените на акциите пораснаа, благодарение на вестите за постепено отворање на европските економии, со оглед на забавувањето на ширењето на коронавирусот и олеснувањето на тензиите помеѓу САД и Кина.

Лондонскиот FTSE индекс околу 9,30 часот, беше со добивка од 1,40 проценти, на 6.159 поени, додека парискиот CAC порасна за 1,50 проценти, на 4.766 поени.

Но, обемот на тргување утрово е скромен затоа што во многу земји, вклучително и Германија и Шведска, не работат поради празниците.

Доброто расположение на пазарите се должи благодарение на попуштањето на тензиите помеѓу САД и Кина бидејќи Вашингтон на потезите на Пекинг не реагираше толку остро кон затегнување на контролата над Хонг Конг како што се плашеа инвеститорите.

Откако кинескиот парламент минатиот четврток го усвои законот за национална безбедност во Хонг Конг, се очекува остар одговор од Вашингтон. Но, порака на претседателот на САД, Доналд Трамп во петокот немаше.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП