
Владата ги усвои Протоколот за утврдување на процедурата за запишување на ученици во прво одделение во основните училишта, Протоколот за постапување на средните училишта за време на запишувањето на ученици во прва година во учебната 2020/2021 година, протоколот за постапување на Математичко-информатичката гимназија за време на полагање на приемниот испит на учениците во учебната 2020/2021 година, како и Протокол за утврдување и постапување на јавните и приватните високообразовни установи, односно единиците во состав, за изведување на испитите.

