29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп и официјално соопшти: САД ги прекинуваат сите врски со СЗО

Трамп и официјално соопшти: САД ги прекинуваат сите врски со СЗО

Американскиот претседател Доналд Трамп на прес-конференција во Белата куќа објави дека Соединетите држави ги прекинуваат сите врски со СЗО.

Тој рече дека САД се решиле на овој потег затоа што веруваат дека СЗО е премногу блиска до Кина и имала лош пристап во управувањето со пандемијата на коронавирусот.

Трамп додаде дека сите средства што САД досега ги издвојувале за СЗО сега ќе бидат пренасочени за други организации.

„Кина го прекриваше коронавирусот и овозможи да се прошири низ целиот свет“, рече Трамп во своето обраќање во кое упати голем број критики кон официјален Пекинг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП