12 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на берзите поради тензиите во односите САД и Кина

Пад на берзите поради тензиите во односите САД и Кина

Берзите во Европа и Азија денес бележат пад, а ситуацијата е слична и на отворањето на Wall Street, бидејќи инвеститорите се исплашени поради растечките тензии во односите меѓу Соединетите Американски Држави и Кина, предизвикани од пандемијата од коронавирусот и ситуацијата во Хонг Конг.

Пад е регистриран на берзите во Париз, Франкфурт и Токио, а тој тренд е забележан во САД во пресрет на вечерашното обраќање на американскиот претседател Доналд Трамп, кој најави изјава за Кина, објави AP.

Инвеститорите стравуваат дека двете најголеми економии во светот би можеле повторно да започнат војна со взаемно воведување царини, што дополнително би ја погодила светската економија, која поради пандемијата веќе влезе во невидена рецесија.

Германскиот DAX денес падна за 0,9 проценти, францускиот CAC 0,6, а британскиот FTSE еден процент. Индексот Hang Seng денес забележа пад од 0,7 проценти, јапонскиот индекс Nikei 225 од 0,2 проценти, а пад на берзата во Австралија за 1,6 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП