3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVolkswagen: Растот на продажбата е забележан благодарение на силната продажба во Кина

Volkswagen: Растот на продажбата е забележан благодарение на силната продажба во Кина

vw1

„Volkswagen“ во првите шест месеци од оваа година продаде 2,91 милион возила, што е за 4,4 проценти повеќе во споредба со истиот период минатата година. Ова е најголемото историско ниво на број на продадени возила во една половина од годината.

Сепак, оваа стапка на раст е двојно помала во однос на првите шест месеци од 2012 година, каде бројот на продадени возила беше зголемен за 10,2 проценти во однос на истиот период од 2011 година. Само во јуни се продадени околу 501 илјада возила, што е дури за 0,5 проценти повеќе во однос на јуни минатата година, пренесува агенцијата Франс Прес.

Со оглед на тоа што сеуште владее економската должничка криза, продажбата на автомобили во Европа во 2013 година е намалена за 7 проценти. Вкупниот раст е остварен генерално благодарение на силната продажба во Кина, која е зголемена за 19 проценти во однос на истиот период минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП