29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСЗО загрижена поради се поголемиот број заразени со коронавирус ширум светот

СЗО загрижена поради се поголемиот број заразени со коронавирус ширум светот

Сè уште има неколку жаришта на вирусот ширум светот кои предизвикуваат загриженост, изјави високата функционерка на Светската здравствена организација (СЗО), д-р Марија Ван Керхов.

СЗО внимателно ги следи големите зголемувања на бројот на заболени од коронавирус во Русија, Африка, САД, некои земји во Јужна Азија и некои земји во Европа, изјави д-р Ван Керхов.

„Тоа се области што нè загрижуваат, затоа што, како што сите знаеме, кога ќе се појави можност, овој вирус може да расте многу, многу, брзо“, изјави д-р Ван Керхов.

„Веќе имавме можност да видиме и гледаме како овој вирус влијае на ранливото население, и тоа е нашата голема загриженост“.

Докторката истакна дека се надева дека вакцината ќе биде готова за употреба до крајот на годината, но тоа ќе се случи само доколку сè оди како што треба.

Научниците секојдневно работат на повеќе од 100 кандидати за вакцини, изјави д-р Ван Керхов.

Постои голема загриженост помеѓу луѓето дека забрзаната работа на вакцината може да ја загрози безбедноста или ефикасноста на самата вакцина, но за ваков вид грижа нема потреба. Забрзаното темпо нема да влијае на безбедноста на вакцината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП