26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеските инвеститори со рекордни инвестиции на берзата во Хонг Конг

Кинеските инвеститори со рекордни инвестиции на берзата во Хонг Конг

Законот за безбедност во Хонг Конг, кој е веќе усвоен во Пекинг, станува силен поттик за инвеститорите од НР Кина своите средства да ги инвестираат во Хонг Конг, без оглед на дневните турбуленции на пазарот на капитал.

Според Asia News Desk, паричните средства на инвеститорите од НР Кина кои инвестираат на пазарот на капитал во Хонг Конг, достигна рекордно ниво. Само оваа година, кинеските инвеститори веќе инвестирале 35,3 милијарди американски долари, најмногу од кога детално статистички се следат овие податоци. Интересот на кинеските инвеститори се зголеми особено во време на пад на пазарот во Хонг Конг.

Кинеските инвеститори најмногу купуваат акции на кинески државни компании, и тоа најмногу акции на Индустриска и трговска банка на Кина, здравствено-осигурителната куќа Пинг Ан, и Кинеска банка за изградба, чии акции се нудат на пазарот на капитал во Хонг Конг.

Кинеските инвеститори сега поседуваат 2,9 проценти од вкупната вредност на сите акции на пазарот во Хонг Конг, најмногу откако се следат податоците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП