Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,931.87 0.24%    BESK 5,700.00 0%    GRNT 940.00 -1.25%    KMB 5,997.97 -0.02%    MPT 66,000.00 1.54%    RZIN 46.00 -48.89%    SBT 2,600.33 0.01%    TNB 16,500.00 0.92%    TTK 1,282.00 0%    ZPOG 1,800.00 0%    

Од 15ти јуни нашите граѓани ќе може да патуваат во Грција

Време: 13:12

Датум: мај 29, 2020

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Нашата земја е меѓу 29-те држави од Европа и светот, за кои од 15 јуни ќе биде дозволено патување во Грција, според листата од Министерството за туризам на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што е веќе познато, за влез во Грција нема да биде потребен тест, туку ќе се прават анализи по случаен избор.

Од министерството за туризам на Грција соопштуваат дека конкретната листа била направена откако бил проучен епидемиолошкиот профил на земјите од каде потекнуваат туристите, биле земени предвид вчерашните соопштенија од Европската агенција за безбедност во воздухопловството (ЕАСА), како и соодветната препорака од Комисијата за заразни болести од грчкото Министерство за здравство.

На листата од Министерството за туризам на Грција се следните земји: Албанија, Австралија, Австрија, Северна Македонија, Бугарија, Германија, Данска, Швајцарија, Естонија, Јапонија, Израел, Кина, Хрватска, Кипар, Латвија, Либан, Литванија, Малта, Црна Гора, Нов Зеланд, Норвешка, Јужна Кореа, Унгарија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Чешка и Финска.

За земјите кои што не се вклучени во листата, остануваат во сила актуелните правила, додека пак пред втората фаза на отворањето на грчкиот туризам на 1 јули, ќе биде објавена нова листа.

Од Министерството за туризам на Грција, соопштуваат дека „во секој случај, епидемиолошкото следење и оценувањето ќе бидат континуирани“.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Милионерите апелираат: „Оданочувајте не повеќе, пред да биде предоцна“

    Милионерите апелираат: „Оданочувајте не повеќе, пред да биде предоцна“

    Некои од најбогатите луѓе во светот побараа нивното богатство да се оданочува повеќе поради последиците од пандемијата на коронавирусот. Меѓу оние што го сторија тоа…

  • На границата меѓу Бугарија и Грција за 40 евра се продаваат лажирани тестови за Ковид-19

    На границата меѓу Бугарија и Грција за 40 евра се продаваат лажирани тестови за Ковид-19

    Во пограничното подрачје меѓу Грција и Бугарија се појавиле лажни резултати од тестови за Ковид-19, кои се продаваат по цена од 30 до 40 евра,…

  • Околу 30.000 работни места во Велика Британија се изложени на ризик

    Околу 30.000 работни места во Велика Британија се изложени на ризик

    Организаторите на настани и изложби во Велика Британија предупредуваа дека околу 30.000 работни места се изложени на ризик заради зголемена неизвесност за тоа кога саемите…

  • Регистрирани 135 новозаразени од Ковид-19, четири смртни случаи и 142 оздравени

    Регистрирани 135 новозаразени од Ковид-19, четири смртни случаи и 142 оздравени

    Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на Kовид-19, и тоа во: Скопје…

  • Анкета на НБРМ: Економијата годинава ќе падне 3,2%, инфлацијата на 0,4%

    Анкета на НБРМ: Економијата годинава ќе падне 3,2%, инфлацијата на 0,4%

    Надолна ревизија на очекувањата за просечната стапка на инфлација во земјава и очекуваниот раст на Бруто домашниот производ, покажува Анкетата на Народната банка направена во јуни.…

  • Британските компании неподготвени за Брегзит

    Британските компании неподготвени за Брегзит

    Три четвртини од британските фирми не се подготвени за Брегзит, покажа истражувањето кое го објави институтот IoD (Institute of Directors). Половина од речиси 1.000 анкетирани…

  • Конте: Ако не се задоволни веднаш ќе заминам

    Конте: Ако не се задоволни веднаш ќе заминам

    Тренерот на Интер Антонио Конте рекол дека целосно и е посветен на работата, но бил подготвен да замине доколку клупските челници не се задоволни. Конте…

  • Бундесбанк: Германската економија започна да се опоравува од пандемијата

    Бундесбанк: Германската економија започна да се опоравува од пандемијата

    Германската економија се опоравува од падот предизвикан од пандемијата на коронавирусот, откако во јуни достигна ниско ниво, според индикаторот во реално време, развиен од централните…

  • Утре неработен ден за сите граѓани поради одржување на изборите

    Утре неработен ден за сите граѓани поради одржување на изборите

    Согласно заклучокот на Владата од 74-тата седница одржана на 7 јули годинава среда, 15 јули, е неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија…

  • Руските приходи од злато за прв пат поголеми од гасот

    Руските приходи од злато за прв пат поголеми од гасот

    Приходот на Русија од извозот на злато за прв пат е поголем отколку од продажбата на гас, покажуваат податоците на Федералната царинска служба и Централната…