7 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСтартува производството на iPhone 5S

Стартува производството на iPhone 5S

iphone5impressions

Производството на следната генерација на „iPhone“ на „Apple“, која ќе го носи името „iPhone 5S“, ќе започне овој месец, а паметниот телефон ќе излезе на пазарот во есен, тврди аналитичарот од „Jefferies“, Питер Мисек.

Мисек ги информира своите клиенти дека „iPhone 5S“ се очекува да биде на пазарот во септември или почетокот на октомври. Според Мисек „Apple“ почна да произведува мала серија евтини телефони „iPhone“ во почетокот на јуни.

Тој истакна дека обновувањето на моделот „iPhone“ ќе има минимален или никаков ефект врз финансиските резултати на компанијата за третиот квартал. Во однос на количеството телефони што „Apple“ планира да ги произведе во четвртиот квартал на фискалната година, Мисек смета дека околу 15 милиони ќе бидат од евтината верзија на телефонот, 15 милиони ќе бидат „iPhone 5S“, а телефоните од моделот „iPhone 4S“ нема да бидат произведени.

Вкупната количина за првиот квартал на новата финансиска година, која започнува во декември, ќе се движи помеѓу 50 и 55 милиони, според Мисек, 5 милиони од нив ќе бидат „iPhone 4S“, 20 милиони од новиот евтин модел и 25 милиони „iPhone 5S“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП