2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMcDonald’s отвора ресторан во Виетнам

McDonald’s отвора ресторан во Виетнам

mcdonalds1

Американскиот ланец за брза храна „McDonald’s“ ќе го отвори првиот свој ресторан во Виетнам и ќе стане најнова во низата компании од западот кои започнаа бизнис во оваа земја.

„McDonald’s“ наведува дека Хенри Нгујен, виетнамско-американски инвеститор и зет на виетнамскиот премиер, е главниот партнер на кој му е одобрена франшизата, пренесува АП.

Потрошувачката моќ на 90-те милиони граѓани на Виетнам се покажа како атрактивна за западните компании и покрај тоа што виетнамската економија минува низ проблеми. „Starbucks“ порано оваа година го отвори своето прво кафуле во Виетнам, придружувајќи им се на „Subway“, „Pizza Hut“ и други странски компании.

Од компанијата наведуваат дека првиот ресторан ќе биде отворен во Хо Ши Мин, трговскиот центар на Виетнам. Компанијата наведува дека франшизата му е доделена на Нгујен по „ригорозниот“ процес на селектирање, додавајќи дека тој работел во рестораните на „McDonald’s“ додека студирал во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП