26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо Халкбанк и Денар до бесплатен термин за кошарка во Александар Палас!

Со Халкбанк и Денар до бесплатен термин за кошарка во Александар Палас!

Во поддршка на бизнисите погодени од кризата

Иако е пролет и временските услови се совршени за партија баскет со другарите, поради мерките за превенција од ширење на коронавирусот, спортските терени останаа празни, а баскетот и спортската опрема го чекаат крајот на пандемијата.

Крајот на здравствената криза веќе подготвени го чекаат и терените за спорт и рекреација на хотел Александар Палас. Хотелот, како водечки објект во оваа дејност во Македонија, покрај тоа што располага со 135 климатизирани соби вклучувајќи и 22 апартмани, и неколку конгресни сали со капацитет до 750 гости, за љубителите на спортот нуди можност за рекреација на 4 игралишта за кошарка и 5 тениски терени со тврда подлога. Хотелот, исто така, располага со СПА и фитнес-центар со современа опрема за фитнес, внатрешен базен, сауни, парна бања и џакузи.

Економските последици предизвикани од корона-кризата ги чувствуваме сите, но особено угостителскиот сектор, кој зависи од посетата и настаните на своите клиенти. Токму затоа, Халкбанк преку серија активности одлучи да ги поддржи бизнисите кои беа принудени да бидат затворени поради епидемијата, а со тоа да го поттикне и враќањето кон нормалниот тек на животот. Овој пат, во иницијативата се вклучува и Денар.мк, па заедно со Халкбанк доделуваме еден бесплатен термин за кошарка, кој ќе може да се искористи по отворањето на терените во хотелот.

Сѐ што треба да направите е нашиот нашиот Facebook статус да го споделите јавно на вашиот Facebook профил со #ВажниСеЛуѓето, да ги тагнете @Halkbank AD Skopje, @Denar и @Hotel Aleksandar Palace, а во коментар на овој пост да тагнете најмалку тројца пријатели со кои би сакале да одиграте партија баскет во хотел Александар Палас.

Ние по случаен избор ќе одбереме еден добитник кој ги исполнува критериумите, и ќе го објавиме на нашата веб-страница и на нашата официјална Facebook страница, на 31.05.2020.

Да ги поддржиме бизнисите чија дејност не дозволуваше работа во вонредни услови!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП