Италијанците излезот од изолација го прославија со нивниот омилен десерт – сладолед.
„После недели поминати во своите домови, многу Италијанци решија да се почастат со сладолед. Индустријата е спасена“, триумфално објави земјоделската алијанса Coldiretti.
Во земјата има 39.000 продавници за сладолед кои вработуваат 150.000 луѓе и годишно продаваат сладолед во вредност од 2,8 милијарди евра.
Скоро 240 тони сладолед се изедени минатиот викенд во Рим и провинцијата Лацио, но подеднакво уживале во десертот и во другите делови на земјата.
На потрошувачката не и кумуваше само крајот на карантинот туку и температурите над просекот. Во Италија, ова е најтопла година откако започнале мерењата во 1880 година.
Неверојатни 94 проценти од Италијанците редовно јадат сладолед, а 70 проценти од нив најмногу сакаат да наредат топки на корнет.
Секој Италијанец во просек јаде повеќе од шест килограми сладолед.