29 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија: Забележителен раст на побарувачката за нафта

Русија: Забележителен раст на побарувачката за нафта

Побарувачката за нафта и понатаму е на ниско ниво, но и покрај тоа во мај во однос на април 2020 година сепак се зголеми за 20 проценти. Ова го изјави рускиот министер за енергетика, Александар Новак.

Во исто време, цените на бензинот во Русија останаа на исто ниво, додека цените на дизелот од почетокот на годината се зголемија за 1,5 проценти. Тековните суфицити на нафта во руското производство се околу 7-12 милиони бл/д, поради што руското Министерство за енергетика очекува повторно балансирање на пазарот, поради пораст на побарувачката во јуни и јули 2020 година.

Но, и покрај ова, побарувачката за услуги во производството и истражувањето на нафта и гас падна за 50 проценти, поради што руската влада подготви мерки за поддршка за погодените компании. Целта е да се зголеми побарувачката за нивните услуги на ниво од 80 проценти од 2019 година, објави руската новинска агенција TASS.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП