20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголем пад на данската економија од Втората светска војна

Најголем пад на данската економија од Втората светска војна

Данската економија оваа година се соочува со најголем пад од Втората светска војна, што е последица на глобалните мерки против коронавирусот.

Тоа го изјави министерот за финансии Николај Вамен.

„Сериозно е. Корона кризата веројатно ќе влијае на данската економија во следните неколку години, но исцртавме пат до излезот од кризата и така веќе ги направивме првите важни чекори“, изјави Вамен во средата.

Reuters потсетува дека Вамен во април изјавил дека Данска се соочува со едно од “најтемните поглавја” во својата историја, додека данската влада предвидува пад на економијата помеѓу три и шест проценти.

Британската агенција наведува дека економијата во еврозоната ќе доживее пад од 7,5 проценти оваа година. За време на финансиската криза во 2009 година, данската економија доживеа пад од 4,9 проценти, потсетува Reuters.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП