7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтаврески и економски тим ќе одржат презентации во Лидс

Ставрески и економски тим ќе одржат презентации во Лидс

zoran-stavrevski

Делегација предводена од вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во рамки на посетата на Велика Британија денеска ќе ги презентира инвестициските можности во Македонија пред британската бизнис заедница во Лидс.

Во состав на владиниот економски тим во Британија се и министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак и директорот на Агенцијата за привлекување странски инвестиции Висар Фида.

Вчера инвестициските можности беа презентирани пред бизнисмените од Ливерпул, каде владиниот тим оствари и билатерални средби со претставници на повеќе компании.

Презентации ќе бидат одржани и во Шефилд и Лондон, каде на британските бизнисмени ќе им бидат претставени климата за водење бизнис во Македонија и поволната даночна политика со најниски даночни стапки во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП