9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШведска очекува пад на БДП од 7 проценти

Шведска очекува пад на БДП од 7 проценти

Шведската економија е на пат да забележи пад од седум проценти оваа година, што е во согласност со буџетската прогноза на владата, изјави министерката за економија, Магдалена Андерсон.

„Нашата најдобра прогноза во овој момент е негативниот раст на бруто домашниот производ од седум проценти оваа година“, изјави Андерсон.

Владата објавила две сценарија за буџетот. Во едното предвидува поблага економска контракција од околу четири проценти, а во другото поостар пад на бруто домашниот производ за десет проценти.

Андерсон изјави дека, според сегашните индикатори, Шведска е на добар пат да биде помеѓу тие две проценки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП