27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАВашето работно место е неподносливо – што да направите?

Вашето работно место е неподносливо – што да направите?

badwork1

Не заработувате доволно, но не можете да го напуштите работното место. Покрај тоа имате и одредена непријатност во секојдневното работно опкружување. Колегите се нечовечни, шефот е намќор а за клиентите не сакате воопшто да дебатирате…. Итно преиспитајте се, или побарајте нова работа.

Во спротивно може да „прегорите“ на работното место, да дадете лоши резултати и да ви ослаби концентрацијата. Освен тоа, тука може да настрада и вашата желба за работа, може да ве фати депресија и сериозно да си го нарушите психичкото здравје. Како да ги решите овие проблеми?

Размислувајте со студена глава

Не е доволно да мислите дека сте премалку платени – морате да знаете дали навистина е тоа така. Истражете колкави се платите во вашата струка и работата што ја работите, споредете ја својата плата со другите и дознајте во каква положба сте.

Барајте покачување

Барајте покачување, но погрижете се тоа да е оправдано – ако имате повеќе обврски на работа или сте добиле поодговорна работа. Добро е да ги подготвите сите факти на хартија.

Алтернативни можности

Испитајте ги можностите во фирмата во која што работите, што всушност би можеле да работите. Барајте работа пред, или по работното време и што повеќе испраќајте го своето CV на работодавачите. Штом почнете нешто конкретно да превземате, ќе бидете попозитивни.

Размислувајте за дополнителна работа

Наместо да се жалите на тешката парична состојба, искористете го времето, истражувајте во што сте добри, најдете дополнителен извор на приходи.

Бидете благодарни

Ако преземете нешто за да ја подобрите ситуацијата, работите кога-тогаш ќе се изменат. До тогаш бидете благодарни што имате работа и бидете успешни во неа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП