
ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста дека согласно Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица, Управниот одбор донесе одлука со која изврши отпис на побарувања по основ на наплата на затезна односно казнена камата по главен долг и трошоците на постапката кои произлегуваат од старите извршни судски предмети трансферирани/пренесени кај нотарите и извршителите како и предметите кои се дадени за извршување за наплата на долгови пред извршителите заклучно со 31 декември 2017 година.

