18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција се бори против Италија и Шпанија за германските туристи

Грција се бори против Италија и Шпанија за германските туристи

Големите германски туристички агенции започнаа со промоција на пакетите за Грција и за шпанските Балеарски Острови, и околу тие туристи Грција ќе се бори против Италија и Шпанија, пренесува Екатимерини.

Промотивните активности на германските туристички агенции вклучуваат бесплатни понуди за откажување до 14 дена пред патувањето и намалени цени.

Германија, минатата година испрати 4 милиони туристи во Грција, кои во земјата потрошија 2,9 милијарди евра.

Хотелиерите во Грција, а сега и во Шпанија и Португалија, како и главните туристички агенции, се обидуваат да обезбедат најголем можен удел на германската побарувачка за одмор во јужна Европа.

Грција по 15 јуни ќе ги отвори своите граници, а некои податоци укажуваат дека на 19 држави ќе им биде дозволено да испраќаат туристи во Грција, и тоа се Кипар, Албанија, Австралија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кина, Хрватска, Чешка, Данска, Унгарија, Израел, Јапонија, Северна Македонија, Норвешка, Полска, Романија, Србија и Словачка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП