3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкинување на полицискиот час и отворање на границите и кафулињата предлага Комисијата...

Укинување на полицискиот час и отворање на границите и кафулињата предлага Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок одлучила да побара од Владата укинување на полицискиот час, а веќе во текот на неделата и угостителите да ги отворат објектите за гости следејќи го нивниот протокол, дознава „Макфакс“.

Членовите на комисијата предлагаат и отворање на граничните премини од наредниот понеделник. Сите предлози ќе бидат предложени до членовите на Владата, кои на седница ќе треба да одлучат дали ќе ги прифатат.

Според претходни препораки на Комисијата, треба да се донесе одлука по кои критериуми ќе се отворат кафеаните, односно да има ограничен број на посетители, растојание помеѓу масите или можност да функционира само терсата или летната бавча на објектите.

Министерот за здравство, Венко Филипче, вчера посочи дека фотографиите и прилозите во медиумите се загрижувачки, бидејќи и покрај апелите на институциите да нема масовни собирања, почитување на препорачаната дистанца и ограничувањето на движењето, тоа не се почитувало од граѓаните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП